Press "Enter" to skip to content

Наградата „Скол“ значи голема инвестиција за зголемување на влијанието на ОССРП

05.04.2020

Проектот за известување за организиран криминал и корупција (ОССРП) ја доби наградата „Скол“ за 2020 година за социјално претприемништво, на претприемачи чии иновации веќе имаат значително, докажано влијание врз некои од најголемите проблеми во светот – и кои се подготвени да го зголемат тоа влијание. Наградата вклучува грант за поддршка од 1,5 милиони американски долари во текот на следните три години.

„Додека светот се бори со злобна глобална пандемија, многу е важно граѓаните низ целиот свет да препознаат колку корумпираните лидери и криминалните мрежи можат да профитираат од опасноста од вирусот“, рече Пол Раду, ко-основач и шеф за иновации во ОССРП.

„Мрежата на OССРП има единствена улога на оддржувањето на моќта на одговорноста и ние сме бескрајно благодарни на Фондацијата Скол што ја призна моќта на истражувачкото новинарство во овој клучен момент.“

Наградата „Скол“ претставува значајна инвестиција во напорите на ОССРП да се развие и да опреми глобална мрежа на истражувачки новинари, да го разоткрие криминалот и корупцијата кои продолжуваат да уништуваат животи, егзистенција и демократија. OССРП, која работи на пет континенти и објавува повеќе од 100 прекугранични истраги годишно, е првата медиумска организација која ја добила наградата во 21-годишната историја на наградата „Скол“.

„Бидејќи независните медиуми и понатаму продолжуваат да бидат загрозени ширум светот, оваа соработка со Фондацијата Скол ќе ни помогне да ги зајакнеме малите, непрофитни медиуми во нашата мрежа на партнери, што во некои случаи се и последните независни гласови во нивните земји“, рече Дру Саливан, ко-основач и издавач на ОССРП.

Со годинашната награда, OССРП се придружува на глобалната заедница на Скол, лидери на граѓанското општество, донатори, новинари и политички лидери, водени од мисијата.

“За ОССРП, менувањето на светот зависи од тоа до колку луѓе допираме со нашето известување. Оваа инвестиција доаѓа во толку круцијално време за организацијата, а  партнерството со Скол и пошироката заедница е непроценливата можност за максимизирање на нашиот дострел и влијание “, рече Камил Еис, шеф на глобалнато партнерство и политика на OССРП.

Пол Раду и Дру Саливан требаше да ја добијат наградата „Скол“ на Светскиот форум Скол во Оксфорд, Обединетото Кралство. Но, поради пандемијата на корона вирусот, настанот беше преместен во виртуелен форум, кој завршува денеска.

Истражувачката репортерска лабораторија се основаше со иницијална помош на OCCRP чија што членка е ИРЛ.