Press "Enter" to skip to content

Лидерство по пример, а не по збор

20.11.2018

Проверено ЕП.2 – Лидерство по пример, а не по збор

Заробена држава, криминална власт, семејна и партиска администрација, неслободни медиуми. Деценискиот список на невољи приредени од владеењето на Никола Груевски веруваме дека речиси никому не му недостасува. Новата власт со сигурност наследи проблеми и чуда за три дена никој не очекува. Се подготуваат реформи, а еден од најголемите предиизвици по она што беше цунами за правната држава е – враќањето на довербата во институциите од страна на граѓаните. Оние кои водат мора да водат со пример. Тоа е суштината на принципот на отчетност и одговорност. Второто издание на Проверено е посветено на реформите во администрацијта. Помеѓу другото, подготвивме профил на првиот меѓу административците – генералниот секретар на владата Драги Рашковски. Што за неговото лидерство говори неговиот пример.